Годишната стапка на инфлација во Турција се зголеми во мај од 69,8 отсто во април на 75,45 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.
Инфлацијата во Турција сега е највисока од ноември 2022 година.
Во мај на годишно ниво најмногу пораснале цените во образованието за 104,8 отсто, станбените и комуналните услуги за 93,21 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 92,94 отсто, а на алкохолните пијалоци и тутунот 86 проценти.
Транспортот е зголемен на годишно ниво за 79,10 отсто, здравствените услуги за 77,67 отсто, храната и безалкохолните пијалоци за 70,14 отсто.
На месечна основа инфлацијата е зголемена за 3,37 отсто во однос на април, објави веб-страницата Туркстат.
Годишната основна стапка на инфлација во Турција благо падна од 75,81 отсто на 74,98 отсто во мај.
Централната банка на Турција (TCMB) на 25 мај одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 50 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот.