Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска ќе одржи Годишно собрание.
На собранието ќе присуствуваат претседателот на ССК, Данела Арсовска, заменик претседателот на ССК и претседател на Градежна комора Сеад Кочан, како и извршниот директор Митко Алексов.
Компаниите членови на Градежната комора ќе избираат нов претседател на комората, членови на управниот и надзорниот одбор, како и членови на управниот одбор од Градежната комора во управен одбор на Сојуз на стопански комори.
Сеад Кочан, кој е првиот претседател на оваа комора од самото формирање кон крајот на 2009 година, ќе даде извештај за работењето на комората, која помогна во спроведувањето на голем број реформи како што се издавањето процедури за поедноставување на формалностите и намалување на роковите за издавање на градежни дозволи, како и во донесувањето на неколку важни закони поврзани со градежништвото.