Ѓоковиќ си купи Tesla од околу 100.000 евра

26

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ стана сопственик на електричен модел на автомобил од компанијата Tesla.

Ѓоковиќ, како што пренесува српски Телеграф, е горд сопственик на Model X на Tesla, чиј опсег на цена се движи од 95.000 евра за основа верзија до 110.000 евра за модели што имаат подобрени перформанси.

Автомобилот има 1.020 коњски сили, за 2,5 секунди постигнува брзина од 100 километри на час, а максималната брзина му е 210 километри на час. Овој модел на автомобил не е предвиден како спортски, туку семеен автомобил.

Српскиот тенисер е љубител на најголемиот српски научник, Никола Тесла, кој е личност што многу го почитува.

Фото: Tesla