Golden Spike нуди патување на Месечината за 1,4 милијарди долари

46

mesecina

Фото: Pixabay

Компанијата Golden Spike, која е со седиште во Колорадо, САД, ги најави своите планови да организира комерцијални летови на месечината за приватни клиенти, за време на една прес конференција одржана на шести декември.

Тим од поранешни директори на NASA, денес изјави дека планира да испрати двајца луѓе на Месечината за цена од 1,4 милијарди долари.

Според изјавата на Golden Spike, компанијата ќе ги користи веќе постоечките технологии на ракети и капсули и ќе настојува првиот комерцијален лет да се случи до крајот на оваа декада.

За компанијата не се знае многу, освен фактот дека е основана од планетарен научник и воздухо-космичкиот инженер Алан Стерн кој раководеше со дирекцијата на NASA од 2007 дo 2008.

Поранешниот директор на Apollo летот Гери Грифин е исто така инволвиран во Golden Spike.

Компанијата беше основана во 2010 и стана позната за јавноста во 2012. Според тоа што го пишува на нивната Фејсбук страна, тие би оделе и “подалеку од Месечината” кога станува збор за истражување на вселената.