Фото: Facebook
Групацијата Goldman Sachs го купи стартапот за лични финансии Clarity Money со цел да поткрепи својот водечки онлајн бизнис за кредитирање Marcus, јавува Reuters.
Clarity Money е бесплатна апликација којашто им помага на корисниците полесно да ги менаџираат своите лични финансии. Апликацијата се очекува да го зголеми бројот на корисници на Marcus за еден милион, којшто им помага на клиентите да заштадат пари и да позајмат доколку им треба.
Clarity Money наскоро ќе биде и ребрендиран како Marcus од страна на Goldman Sachs.
Групацијата го стартуваше онлајн бизнисот Marcus во октомври 2016 година.
GS Bank подружница на Goldman Sachs е одговорна за аквизицијата. Со ова извршниот директор на Clarity Money Адам Дел ќе стане партнер на Групацијата.