Goldman Sachs инвестира 750 милијарди долари за борба против климатски промени

24

Американската банка Goldman Sachs соопшти дека планира да инвестира 750 милијарди долари во текот на следната деценија со цел да помогне во борбата против климатски промени.

Банката на својата веб страница наведе дека оваа сума е нејзина ‘цел до 2030 година’, да се насочи на финансирање, инвестиции и советодавни активности во девет области за климатската транзиција и инклузивен раст на сиромашните. Овие активности вклучуваат финансирање за чиста енергија, одржлив транспорт, прифатливо образование и производство на храна.

„Не постои само итна потреба за акција, туку и силна деловна и инвестициска причина да се стори тоа. Фокусирањето на овие специфични цели ни дава низа мерливи податоци, како што е количината на намалување на загадувањето и бројот на услужени лица, кои може да се следат со времето “, вели извршниот директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон.

Тој додаде дека финансиските институции мора да ги поддржуваат двигателите на промените и дека компаниите веќе не можат да ги третираат климатските иницијативи како “периферно прашање“.

Фото: Pexels