Goldman Sachs: Вакцината ќе биде одобрена до крајот на годината, а тоа ќе го подигне индексот S&P 500

57

Аналитичарите од Goldman Sachs, предвидуваат дека вакцината за коронавирус ќе резултира во понатамошен раст на индексот S&P 500.

S&P 500 треба да се искачи на 3.600 поени до крајот на годината, напиша главниот американски стратег на Голдман, Дејвид Костин, чија претходна целна вредност на овој индекс беше 3.000 поени.

S&P 500 во моментов има раст од 4,4 % од почетокот на годината. Но, на почетокот на пандемијата на коронавирус од крајот на февруари до крајот на март, имаше пад од 34%. Враќањето во позитивна територија во најголем дел е резултат на проактивни политики на Федерални резерви кои ги намалија каматните стапки близу до нулата и досега невидениот стимулативен пакет, како од монетарната така и од фискалната страна што ја поддржуваа економијата уште од пандемијата.

Економистите на Goldman Sachs веруваат дека најмалку една вакцина против коронавирусот ќе биде одобрена до крајот на оваа година, што треба да резултира во скок од 6,4 % на американскиот БДП во 2021 година.

Костин предвидува дека S&P 500 ќе се искачи на 3.800 поени во следната година.

Фото: Freepik