Goldman Sachs забрани работење во сабота

20

goldman sachsЕдна од најголемите американски инвестициски банки Goldman Sachs, им забрани на вработените да доаѓаат во канцеларија во периодот од петок вечер до недела наутро, во обид да се справи со уморот на вработените и да го подобри балансот работа – приватен живот.

Правилникот се однесува на сите вработени во банката, кои често работат и до 100 часа неделно.

“Аналитичарите и соработниците да бидат надвор од канцеларија од 21:00 во петок до 09:00 во недела”, стои во мејлот кој протече во јавноста.

И покрај слободната сабота, се очекува младите банкари редовно да си ги проверуваат телефоните.

Некои аналитичари го поставија прашањето дали ова правило банката го воведува поради смртта на Мориц Ерхарт, 21 годишен интернист, кој летово почина во канцеларијата во Лондон, наводно по поминати три дена и три ноќи на работа.