
Њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги зголеми каматните стапки за 25 базични поени во април и јуни, според денешното соопштение.
Голдман Сакс претходно веруваше дека ЕЦБ ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво во текот на целата 2026 година, а сега се придружи на проценките на банките ЏП Морган Чејс и Барклис кои исто така очекуваат зголемување на каматните стапки поради последиците од војната на Блискиот Исток, објавува Ројтерс.
ЕЦБ во четврток ги задржа сите три клучни каматни стапки непроменети – референтната депозитна стапка на два проценти, главната стапка на операциите за рефинансирање на 2,15 проценти и маргиналната стапка на кредитната линија на 2,4 проценти, истовремено предупредувајќи на економските ризици од војната на Блискиот Исток.











