Голем број германски компании нудат флексибилно работно време за да привлечат работници

Голем број германски компании нудат флексибилно работно време за да привлечат работници, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и организацијата Рандстат.

Три четвртини од германските компании ја понудија оваа поволност во огласите за вработување, се додава во извештајот.

Компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и квалификувани вработени на пазарот, па затоа треба да бидат привлечни за кандидатите, а флексибилното работно време е клучна предност, коментира Дарија Шалер, претставник на минхенскиот институт.