Побарувачката за нови автомобили во Европската унија (ЕУ) бележи значително намалување во првите шест месеци од оваа година поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, а меѓу земјите со најголем пад се Хрватска, Италија и Шпанија, стои во извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (Аssociation des Constructeurs Europeens d’Automobiles – ACEA).
Побарувачката за нови автомобили во ЕУ се намалува од март кога се воведени строги мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19. Најголем пад е регистриран во април, од 76,3%, кога рестриктивните мерки беа на сила од почетокот до крајот на месецот. Ублажување на мерките во мај го запре надолниот тренд, па падот на продажбата на нови автомобил тој месец е намалена за 52,3%.
Во јуни во 26 земји членки на ЕУ се регистрирани вкупно 949.722 нови автомобили, 22,3% помалку одошто во истиот период минатата година.
Според АСЕА, иако автосалоните сега се отворени, побарувачката во текот на минатиот месец сè уште бележи пад. Франција е единствена земја во ЕУ во којашто е забележан пораст од 1,2% поради владините мерки, воведени на почетокот на јуни, за купување автомобил со ниска емисија на штетни гасови.
Фото: Freepik