Голема асиметрија меѓу домашните и странските инвестиции во Србија

51

Странските директни инвестиции во Србија во април, кога светот беше зафатен со здравствената криза, се намалени за над 30%, пренесуваат тамошните медиуми.

Во април оваа година нето странските директни инвестиции во Србија изнесувале 240 милиони евра, а во истиот период лани, тие биле на ниво од 355 милиони евра.

“Тој тренд на намалување на странските директни инвестиции ќе продолжи и затоа е неопходно да се создадат услови за раст на домашните приватни инвестиции“, смета Данко Брчеревиќ, главен економист на Фискалниот совет на Србија.

Тој смета дека на тој начин ќе се намалат шоковите во економскиот раст во услови на криза го се намалуваат директните странски инвестиции.

“Вкупните инвестиции, странски и домашни во Србија и пред кризата не беа доволно големи за поголем економски раст и дури после две години надминаа 20% од бруто домашниот производ, а во земјите од централна и источна Европа во периодот биле 25% од БДП“, вели тој.

Во Србија, според него, во рамки на вкупните инвестиции постои голема асиметрија меѓу домашните и странските инвестиции.

Фото: Freepik