Голема детоксикација : ЕУ ќе забрани употреба на 12.000 потенцијално опасни хемикалии

40

Илјадници потенцијално токсични или штетни хемикалии кои сè уште се користат во козметиката, играчките, па дури и производите за бебиња наскоро би можело да бидат забранети во ЕУ.

Индустриските групи велат дека 12.000 различни хемикалии присутни во 74 отсто од потрошувачките или професионалните производи би можеле да бидат опфатени со новите ограничувања.

Тоа ќе биде најшироката забрана за токсични хемикалии досега, според Европското биро за животна средина (EEB). Со оваа објава Европската комисија отвора ново поглавје пред сè поголемата закана од штетни материи.

Оваа своевидна „детоксикација“ ветува подобрување на безбедноста на речиси сите производи на пазарот во ЕУ.

Сегашниот закон веќе забранува употреба на супстанции поврзани со рак, неплодност и низа други здравствени проблеми.