Големата државна потрошувачка во коронакриза може да ги налути граѓаните

37

Европските влади мора да бидат внимателни при трошење на рекордни износи за справување со коронакризата, смета извршниот директор на германската осигурителна компанија, Allianz, Оливер Баете.

Пандемијата ги поттикна владите ширум светот да се задолжуваат за да ја поттикнат својата економија, да ја подобрат здравствената заштита и да зачуваат милиони работни места, пишува Ројтерс.

Според него, многу “зомби“ компании опстојуваат благодарение на државна помош, додека многу домаќинства покажале дека се поотпорни од она што се мислело претходно.

“Нашите луѓе очигледно е дека се попаметни од политичарите, го кажувам тоа со должна почит, бидејќи некој мора да ја плати сметката. Како функционира општество во кое дел троши повеќе од своите можност, а другите би требало тоа да го платат. Поларизацијата е многу важен проблем“, смета Баете.

Фото: Pexels