Големи компании се “грабаат“ за ангажман на швајцарскиот навивач кој стана хит на Евро 2020

166

Лука Лутенбах, швајцарски навивач кој стана хит на Европското првенство на мечот Швајцарија – Франција поради неговите “луди“ минути, се најде на мета на големите светски компании и институции во неговата земја, кои сакаат да го ангажираат за рекламни цели.

Лутенбах добива мноштво понуди секој ден и досега ги прифати сите. Red Bull, Swiss Airlines, Швајцарската Федерална канцеларија за јавно здравје… сите сакаат да го ангажираат. Прво го контактираше водечката швајцарска авиокомпанија Swiss Air, која веќе плати за неговиот лет до Санкт Петербург за да го гледа натпреварот против Шпанија.

Покрај тоа, тој ќе дојде на натпреварот опремен со пијалaци Red Bull. Швајцарскиот туристички одбор исто така сака да направи кампања со него, откако ги воодушеви сите во татковината со својата емотивна реакција против Франција и му ветија релаксирачко патување.

Швајцарската влада изрази желба неговата  реакција на трибините да ја претвори во официјална фотографија во кампања за вакцинација на коронавирус.

Швајцарскиот навивач се најде во центарот на вниманието во медиумите по натпреварот Швајцарија против Франција во осминафиналето на Евро 2020.

Во 90-та минута Швајцарците постигнаа израмнување со голот на Марио Гаврановиќ, а тие моменти Лутенбах ги доживеа особено емотивно.

Само неколку секунди пред голот на Гаврановиќ, на трибините камерата фати човек кој беше во очај и се молеше неговиот тим да стигне до израмнување и продолженија. Кога Марио погоди, режисерот се сети на овој навивач. Овој пат, кога камерата повторно го фати истиот навивач, тој беше во сосема поинакво расположение.

Швајцарија конечно славеше победа по пенали и резултат 5:4 и за првпат во историјата се пласираше во четвртфиналето на Евро 2020.

Фото: Facebook