Google, Facebook и Twitter заеднички во борба против злоупотреба на детски фотографии

2

internet

Интернет гигантите Google, Facebook и Twitter ги здружија силите со Internet Watch Foundation (IWF), британска организација што се бори за сузбивање на злоупотебата на детските фотографии, пишува BBC.

Почестото означување на фотографиите би можело да го промени начинот на борба против оваа појава. Фотографиите се идентификуваат преку единствени hash tags, кои се своевиден дигитален потпис. Откако ќе може да се откријат фотографиите, се креираат таканаречени hash листи, коишто содржат фотографии со деца, коишто може да бидат предмет на злоупотреба.

Токму овие листи ќе овозможат спречување на објавувањето на таков вид на фотографии на Google, Facebook и Twitter.