Google финансира климатски проекти во шест европски градови

24

Google најави планови за поддршка на проекти кои се занимаваат со прашања за климатски промени во шест европски градови како дел од своето глобално ветување дека ќе помогне на повеќе од 500 градови да ги намалат емисиите на јаглерод до 2030 година, пишува Теlecompaper.

Проектите ќе користат активни податоци за тестирање на нови стратегии кои можат да ги намалат емисиите и да го подобрат квалитетот на воздухот во градовите низ Европа, соопшти Google.

Технолошкиот гигант минатата година вети на ICLEI (Local Governments for Sustainability), мрежа од над 1.750 локални и регионални влади кои се обврзаа на одржлив развој, четири милиони долари за формирање капитален фонд и поддршка на непрофитни и академски институции во Европа и Латинска Америка кои работат на климатски проекти врз основа на собраните податоци.

Фондот до сега одобри проекти во Бирмингем, Хамбург, Берлин, Манчестер, Копенхаген и Нант.

Фото: Pixabay