Google ги отстранува од Play Store апликациите за снимање разговори

89

Компанијата Google воведува нови правила кога станува збор за снимањето на гласовни повици.

Почнувајќи со Android 10, Google ја отстрани можноста за снимање повици, а од 11 мај ќе имплементира нови правила за својата онлајн продавница на Google Play Store за да спречи апликации од трети страни да го користат Accessibility API за снимање гласовни повици.

Овие промени претставуваат чекори кон поголема приватност и безбедност бидејќи законите за снимање повици варираат низ целиот свет.

Сепак, оваа промена нема да влијае на системските и претходно инсталираните апликации кои имаат дозвола за снимање разговори.