Google ќе инвестира 550 милиони долари во кинескиот гигант за е-трговија

94

 

Google ќе инвестира повеќе од половина милијарда долари во кинеската компанија за е-трговија  JD.com, пишува New York Times. Овој потег е во склоп на настојувањето за ширење на малопродажните услуги во светот се наведува во соопштението од двете компании.

Согласно договорот, производите на платформата JD.com ќе се појавуваат на пребарувачот на Google за купување.

Преку ова партнерство Google ќе истражува нови решенија за унапредување на шопинг искуствата на потрошувачите ширум светот, велат од компанијата.

JD.com е втора најголема компанија за електронска трговија во Кина, веднаш зад гигантот Alibaba.