Google ќе плати милијарда долари за вести од медиуми

30

Google планира да одвои милијарда долари за содржина од медиумите во следните три години, најави денеска нејзиниот извршен директор, Сундар Пичаи, пренесува Ројтерс.

Медиумите долго време се бореа против планетарно најпознатиот интернет пребарувач за надомест за користење на нивните содржини, а обвинението го предводеа медиумски групации од Европа.

Според Пичаи, новиот продукт по името Google News Showcase ќе биде претставен прво во Германија, каде е склучена соработка со медиуми, како што се Der Spiegel, Die Zeit и слично, а потоа и во Бразил.

Околу 200 медиумски куќи од Аргентина, Австралија, Велика Британија, Бразил, Канада и Германија се пријавиле да бидат дел од овој нов продукт на Google.

Фото: Pixabay