Google ќе соработува со Huawei уште 90 дена

26

Фото: Pixabay

Властите во САД на 90 дена привремено ги олеснија трговските бариери што ги наметнаа кон вториот по големина производител на паметни телефони во светот, Huawei, пренесува CNBC.

Google планира да ја продолжи соработката со кинеската компанија во следните 90 дена. На тој начин и сите компании коишто се занимаваат со мобилна телефонија и интернет провајдинг, ќе можат да ја продолжат соработката и да ги заштитат корисниците.

Со оваа одлука Google му овозможува на Huawei сите негови корисници да ги имаат неопходните апдејти на Android до 19-ти август.