Google Maps ќе ги насочува возачите кон еколошки рути

21

Апликацијата Google Maps ќе започне да ги насочува возачите кон рути за коишто се проценува дека создаваат најниска емисија на штетни гасови врз основа на сообраќајот и други важни фактори.

Google, што е во сопственост на Alphabet, соопшти дека оваа функција ќе биде достапна во текот на оваа година во САД, а потоа и во другите земји како дел од обврските со своите услуги да помогне во борба против климатските промени.

“За околу половина од рутата сме во можност да пронајдеме еколошки поприфатлива опција со минимални или никакви временски трошоци“, вели Расел Дикер од Google.

Од јуни, Google Maps ќе ги предупредува возачите да патуваат низ зони со ниска емисија на штетни гасови во Германија, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија, каде веќе се воведуваат забрани за движење на одредени возила.

Фото: Pexels