Google Maps ќе ги покажува рутите на кои најмалку се испушта јаглерод диоксид

37

Google Maps ќе им ја нуди на возачите рутата на која тие најмалку ќе испуштаат јаглерод диоксид од нивните автомобили. Оваа опција е дел од мерките за заштита на животната средина која ги воведува компанијата.

Директорот на Google, Сундар Пичаи, изјавил дека ваквата иницијатива може да го спречи испуштањето на еден милион тон јаглерод диоксид, што е еквивалент на отстранување на 200.000 автомобили од патиштата, пренесува Гардијан.

Возачите ќе можат да ја одберат рутата преку која ќе се испушти најмалку јаглерод диоксид, а во предвид ќе се земат и сообраќајниот метеж и работата на патиштата. Новиот производ ќе биде достапен во САД од наредната недела, а во Европа од наредната година.

“Патувањето со автомобил е изборот со кои највеќе се испушта јаглерод диоксид, а изборот секојдневно го прават многу луѓе. Новиот проект започнува во недела во САД, а во 2022 ќе стигне и во Европа“, изјавил Пичаи.