Google на удар на европските регулатори

22

Googles-new-privacy-policyВласите на шест европски земји покренаа постапка против американската компанија Google, барајќи од неа да ја усклади политиката за заштита на приватноста со европските закони, соопшти француската Агенција за заштита на податоци (Книл).

Во соопштението се наведува дека Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Велика Британија покренале постапка врз основа на мерките наведени во законите на овие земји, настојувајќи да го принудат Google да ги усклади правилата за заштита на приватноста со европските регулативи.

Европските агенции за заштита на податоци во октомври минатата година ја предупредија оваа компанија дека новите правила за приватност не се во согласност со регулативите на ЕУ и му дадоа четири месеци да се прилагоди, инаку ќе се соочи со правна постапка.

Google во март 2012 година објави нови правила за приватност и спои 60 одделни политики за приватност од целиот свет во една универзална постапка. Европските организации се жалат дека новата политика не им овозможува на корисниците да дознаат кои информации се зачувуваат, како се комбинирани со другите сервиси на Google или колку долго ги задржува компанијата.

Google доминира на европскиот пазар за интернет пребарувања. Една анкета покажа дека околу 95% од пребарувањата во Европа се вршат преку Google, во споредба со околу 65% во САД.