Google News Showcase под “лупа“ на германскиот регулатор

45

Германското регулаторно тело проверува дали Google транспарентно ги изложува условите за пристап на медиумите до платформата за вести Google News Showcase.

Порталот е отворен во Германија минатата година, а објавува содржини на издавачи со коишто има потпишано договор.

Google со таа услуга им овозможува на издавачите да ја истакнат својата содржина на интернет, а за возврат им се исплаќа надоместок.

Висината на надоместокот и останатите договорни обврски се деловна тајна.

Неколку медиумски компании наводно побарале интервенција од медиумскиот регулатор, стравувајќи дека тие аранжмани ќе ги доведат во неповолна позиција на пазарот на медиумите.

Регулаторот ја проверува транспарентноста на услугите, но официјално одби четири приговори од регионални издавачи коишто не склучиле договор со Google, со образложение дека “активно не се обиделе“ да ги вклучат своите содржини во платформата на Google.

Освен во Германија, Google ја овозможи таа услуги и во Бразил, а дополнително и во неколку други земји.

Фото: Freepik