Google поради авторски права на француските медиуми им плаќа 76 милиони долари

23

Компанијата Google се согласи на група француски медиуми во следните три години да им плати 76 милиони долари по долгогодишен спор околу авторски права, пренесува Ројтерс.

Google е подготвен на годишно ниво да плати 22 милиони долари на група од над 120 национални и локални француски медиуми, откако со секој од нив ќе потпише поединечен договор.

Најмногу пари или околу 1,3 милиони долари ќе добие париски Mond, a најмалку 13.741 долар за локалниот издавач La voix de la Haute Marne.

Договорот го спорат други француски медиуми што не се дел од него, тврдејќи дека е таен, неправеден и незаконски.

Фото: Freepik