Горење го сели производството на фрижидери во Србија

56

Фото: Facebook

Фабриката Горење Ваљево, член на Горење груп, којашто од минатата година е во мнозинска сопственост на кинеската Hisense group, во следниот период се очекува да прерасне во европски центар за производство разладна техника, пишува Политика.

“Во тек е процес на селење на производството на сите фрижидери и посебна линија на вградени фрижидери од Велење во Ваљево, што наскоро треба да биде завршено и очекуваме нивното производство да започне на први април, а може и порано“, изјави Симон Кумер, директор на Горење Ваљево.

Во оваа фабрика ќе се произведуваат околу 150.000 фрижидери од новата генерација на словенечкиот бренд, а направената инвестиција е околу четири милиони евра. Се очекува најдоцна од први април комплетната разладна техника на Горење да биде произведена во Ваљево. Планирано е да се изгради уште еден производен погон, чиј капацитет ќе биде 750.000 уреди годишно. Пробното производство во новиот погон, што ќе отвори 1.000 работни места, да почне во октомври следната година, а со редовна работа да стартува од јануари 2021 година.