Gorenje ја претстави новата Simplicity колекција на IFA 2019

74

Gorenje, реномираниот европски бренд за домаќинство наскоро слави 70-годишнина од своето постоење како важен дел од животот на многу генерации низ светот. Брендот верува дека технологијата е тука да им служи на луѓето тогаш и таму каде што најмногу им треба – во домот. Затоа, секоја иновација во Gorenje е инспирирана од животот – од секојдневните моменти, од очекувањата за едноставност наместо комплексност, за да може животот да се ужива без непотребниот стрес.

За Gorenje, IFA 2019 (најголемиот европски настан поврзан со технологија) е исклучително важен бидејќи за прв пат брендот се претстави под големата капа на водечката светска компанија за електроника – Hisense.

На IFA 2019, Hisense го претстави и своето широко портфолио на ТВ уреди, кои претставуваат револуција во иновативноста на ова поле и овозможуваат потполно ново корисничко искуство. Главните новини се однесуваат на 8К резолуција, ULED XD TV, Hisense laser TV, Hi-view engine итн. Сите овие иновации овозможуваат речиси неверојатен контраст и детали во визуелниот и во аудио делот, несвојствени за она што досега ни беше познато како ТВ искуство.

Дизајнерските линии презентирани оваа година од Gorenje го вклучуваат глобално познатиот дизајнер Ора Ито и Classico колекцијата, но вниманието e најмногу насочено кон Simplicity колекцијата во црно и бело. Simplicity е посебна дизајнерска линија на Gorenje која постои веќе 10 години и се одликува со минималистички дизајн и висококвалитетни материјали кои се спојуваат со функции што се максимално приспособени на потрошувачките потреби и навики. Новата Simplicity колекција е директен израз на мотото на Gorenje,Life Simplified (Поедноставен живот), за помалку работи да се имаат на ум, помалку копчиња за стискање, помалку потрошено време и поголем мир и време за себе.

Зборувајќи за идните развои, Gorenje, исто така, ги претстави своите новитети како дел од ConnectLife платформата која вклучува напредни дигитални решенија и услуги во спој со останатите онлајн или офлајн уреди од Hisense групацијата (Hisense, Gorenje, Asko). Поврзаноста на уредите овозможуваат не само безгрижно користење туку и вредни информации, како навики за користењето на истите, со што се добиваат вистински опипливи резултати и напредно искуство имајќи многу помалку причини за стрес и повеќе време за значајни моменти во живеењето. Повеќе поврзан живот е Life Simplified (Поедноставен живот).