Од ноќеска на полноќ бензините се поевтини за 1,5 денари, а дизелот за половина денар.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 81 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,50 денари. За половина денар е намалена и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое сега чини 58 денари.
Намалувањето, пак, на малопродажната цена на мазутот М-1 НС е за 0,297 денари. Цената на килограм од тој енергенс изнесува 41,410 денари.
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за намалување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на нафтата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.