Горивата поевтинуваат од 1,50 до три денари

19

benzinska-pumpa-Бензините и дизелот од ноќеска добиваат нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 се намалува за три денари за литар и новата цена ќе биде 74 денари за литар. За 2,50 денари поевтинува Еуросупер БС – 98 и ќе се продава по цена од 76 денари за литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 63,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за два денари за литар и новата цена ќе биде 51,50 ден/лит. Намалување од 2,86 ден/кг ќе има и кај мазутот М-1 НС се намалува за 2,86 ден/кг, и со тоа цената на М-1 НС изнесува 35,892 ден/кг.