Горивата поевтинуваат за 2,5 денари

15

car-refill-transportation-transport

Фото: Pexels

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за 2,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Според тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 67,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  57,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,243 ден/кг и со тоа цената изнесува 27,856 ден/кг.