Горивата поскапуваат од 1,50 до 3,50 денари

164

Бензините од полноќ ќе поскапат за 3,50 денари, а дизелот за 1,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 52 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 54 денари.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 46,50 денари, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар и ќе чини 34 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 19,123 ден/кг.

Фото: Pixabay