Горивата поскапуваат од полноќ

94

Цените на горивата од полноќ поскапуваат од пола до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 98 поскапува за пола денар и неговата нова цена ќе биде 63,50 денари за литар. За еден денар поскапуваат Еуросупер БС – 95 и Еуродизел (Д-Е V), па нивните нови цени оваа недела ќе бидат 61,50 и 53,50 денари за литар.

За половина денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, што сега ќе се продава за 53 денари за еден литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,605 денари за килограм и сега ќе чини 26,585 денари за килограм.

Фото: Freepik