Горивата поскапуваат од полноќ

26
Man putting gasoline fuel into his car in a pump gas station

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер-95 и на Еуродизел (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар, па новите цени ќе им бидат 63, односно 54,50 денари за литар.

Според одлуката на Регулаторна комисија за енергетика, малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар и со тоа новата цена на бензинот Еуросупер БС -98 ќе биде 65 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 11.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 30,823 ден/кг.

Фото: Freepik