Горивата поскапуваат за пола денар

15

Горивата од полноќ ќе поскапат за половина денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 59,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 61,50 денари за литар.

Оваа недела, дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 50,50 денари за литар, исто колку и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,863 ден/кг.

Фото: Freepik