Гостивар добива нов модерен здравствен центар

30

1Компанијата Пелагонија АД Гостивар официјално започна со изградба на нов Здравствен Центар со деловни содржини. Инвестицијата предвидува објект со вкупна нето површина од 4.600 метри квадратни на седум ката, во којашто е планирано да има специјалистички ординации,амбуланти, лаборатории и деловни простории, како и сопствен паркинг.

Според генералниот директор на Пелагонија АД Гостивар, г. Александар Смилковски, ова е инвестиција која е од големо значење за градот Гостивар.

“Развојот на Гостивар е особено важен за нас, како и за граѓаните, и токму за таа цел одлучивме да инвестираме во Здравствен центар која ќе биде една од технолошки најсофистицираните кај нас. Објектот ќе се гради на површина од 920 м2 и ќе биде со висина од 7 ката, или на вкупна нето површина од 4600 м2. Во самиот објект се предвидени повеќе специјалистички ординации, амбуланти, лаборатории, паркинг простор, како и еден дел деловни простории. Во оваа прилика сакам да изразам голема благодарност до локалната самоуправа и градоначалникот на Гостивар за поддршката која ја добивме за остварување на овој наш проект. Сметам дека за граѓаните на Гостивар е особено важно да имаат сигурна опција за своето здравје и среќен сум што сите заеднички ќе ја оствариме таа замисла“, изјави генералниот директор на Пелагонија АД Гостивар, Александар Смилковски.

Проектот е предвиден да биде завршен кон крајот на 2017 година.