Готвач освои милион долари во познат квиз и сите пари ќе ги донира на угостителски работици

48

Дејвид Ченг, познат готвач, стана првата јавна личност која ја освои најголемата награда во квизот “Кој сака да биде милионер“, а одлучи сите пари (милион долари) да ги подари на угостителски работници.

Во напнатите последни моменти од квизот, водителот Џими Кимел гледаше како се препотува  основачот на ресторанот Momofuku и автор на книги, додека избираше меѓу четирите понудени одговори на прашањето за милион долари.

“Ниедна позната личност не се обиде, сите се откажаа“, рече Кимел.

На последното прашање, вредно милион долари, Ченг одговорил точно, а гласело вака:

“Иако претседателот и неговата сопруга никогаш не го допреа прекинувачот за светло од страв да не ги убијат, кој американски претседател бил првиот што имал електрична енергија во Белата куќа?“.

Размислувајќи за неговиот одговор, Ченг ја посочил сериозноста на ситуацијата во угостителскиот сектор и рекол дека милион долари можат да помогнат на многу семејства. Помош за последното прашање побарал од неговата пријателка новинарката Мина Кајмс, која го дала точниот одговор – Бенџамин Харисон.

Фото: YouTube Printscreen