Гоу Грин повикува на одбележување на Денот на планетата Земја

49

1

Вклучете се во акцијата за Денот на планетата Земја на 22-ри април (петок) која се случува низ целиот свет и покажете ја вашата љубов кон природата со тоа што ќе прегрнете или уште подобро, посадете дрво.

Оваа година, 22-ри април е посветен на дрвјата како бели дробови на планетата Земја, а воедно на овој ден, политичките лидери ќе го потпишат Парискиот договор за климатски промени во Обединетите Нации во Њујорк, САД, којшто треба да обезбеди одржлива иднина базирана на обновливи извори на енергија. Со приклучување во оваа акција се приклучуваме на глобалната акција која се случува во стотици градови низ целиот свет и заеднички ќе испратиме силна порака до политичарите дека сакаме повеќе кислород (O₂)и помалку јаглерод диоксид (CO₂).

Направете една слика од вас како садите дрво, или прегрнувате дрво и поставете ја на некои од социјалните медиуми Facebook, Instagram или Twitter, и искористете го хаштагот #GG4Trees#HugATreeWithPassion #EarthDay2016.

Фотографиите ќе бидат промовирани на Facebook фан страна Go Green – Биди Зелен и оние кои ќе испратат ќе бидат повикани да се приклучат на Gо Green тимот. Гоу Грин тимот, исто така, ќе постави инфо штанд во Градскиот парк во Скопје и ќе подарува садливи картички на посетителите со едукативни пораки и воедно ќе ги охрабруваат поминувачите да посадат дрво и испратат фотографија.