Говорко – апликација за поддршка на дечиња со попречен говор

318
silhouette of a happy children and happy time with sunset.

Асистивната технологија овозможува лицата со попреченост да бидат активни граѓани во општеството. Треба да е присутна и достапна секаде каде што луѓето имаат потреба: во домот, училишта, болници, маркети, банки, игротеки и слично, бидејќи го олеснува секојдневното функционирање.

Потребата за производи на пазарот, кои во поддржуваат вклучувањето на атипичните лица во сите текови на живеењето, доведе до соработка за креирање на Говорко, пренесува Радио МОФ.

Комуникаторот Говорко е апликација наменета за поддршка на деца со попречен говор, а беше промовирана на онлајн прес-конференција од Здружението Отворете ги прозорците и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Промоторите велат дека неколку студенти и еден професор од ФЕИТ, заедно со две здруженија направија соработка вредна за награда.

“Сите страни заедно правејќи го она во кое се најдобри, ги надминаа своите секојдневни активности и заедно направија нешто што е од огромна корист за лицата со попреченост. Ова е проект во кој не се вклучени никакви дополнителни финансиски средства вон регуларната работа, исполнети се целите на сите организации, а добиен е производ бесплатен за користење. Ваквите проекти се само знак за растење на едно општество и неговите чинители“, велат тие.

Фото: Freepik