Говорно сандаче – нова услуга од ЕВН Македонија

23

g_evn-logoУште една нова новина од ЕВН Македонија за своите корисници, овој пат станува збор за услугата – Говорно сандаче.

“Отсега, корисниците во секое време ќе можат да ја проверат состојбата на сметката за потрошена електрична енергија, односно, вкупниот долг кон ЕВН Македонија; износот на последната фактура за електрична енергија и рокот за плаќање на фактурата”, соопштуваат од компанијата.

За користење на услугата корисникот треба да се повика телефонскиот број 089 089 089 и да го внесе бројот на корисник. Понатаму, според инструкциите на говорниот автомат, брзо и лесно ќе ги добие потребните информации.

“Бенефитот за корисниците на оваа услуга е повеќекратен. Во случај кога фактурата за електрична енергија не е пристигната на време, доволно е корисникот да го знае нејзиниот износ и бројот на корисник, за да ја плати фактурата во било која банка или пошта. Ако корисникот има случајно заборавена неплатена фактура за електрична енергија, тоа може лесно да го провери преку говорното сандаче без да мора да излезете од дома. Корисниците пак, кои одбрале траен налог или друг начин на авоматско плаќање, во секое време ќе можат да проверат дали долгот редовно се сервисира”, велат од ЕВН.

Неодамна ЕВН ја промовираше и услугата E-фактура, со која сметките за електрична енергија може да се добиваат по електронска пошта.