Град на иднината: Дубаи ќе воведе воздушни такси до крајот на годината

Дубаи потврди дека електричните воздушни такси ќе започнат со комерцијална работа до крајот на оваа година, потврдувајќи го статусот на градот како глобален лидер во иновациите и паметната мобилност.

Информацијата ја потврди претседателот на Управата за патишта и транспорт на Дубаи (RTA), Матар Ал Тајер, наведувајќи дека подготовките за воведување на нов вид градски превоз се во завршна фаза. Воздушните такси ќе бидат дел од постојниот транспортен систем и ќе бидат наменети за секојдневен превоз на патници.

Електрични таксија од воздух
Американската компанија Joby Aviation, специјализирана за електрични авиони со вертикално полетување и слетување (eVTOL), развива воздушни таксија. Станува збор за целосно електрични авиони кои ја комбинираат функционалноста на хеликоптер и ефикасноста на авион, но со значително помалку бучава и без емисии на штетни гасови.

Авионот може да лета со брзина до 320 километри на час, со дострел до 160 километри, и е наменет за пилот и до четири патници. Благодарение на нивното тивко работење, воздушните таксија се прилагодени за употреба во густо населени урбани средини.

Тест летовите се веќе завршени
Joby Aviation веќе ги изврши своите први тест летови во Дубаи во 2025 година, што се смета за еден од клучните пресвртници во проектот. Тестовите беа спроведени во соработка со локалните власти и регулаторите, а фокусот беше ставен на безбедноста, сигурноста и интеграцијата во градскиот транспортен систем.