Град Скопје: Во тек е пријавувањето за субвенции за печки на пелети

21

Фото: Pexels

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. Граѓаните што ќе купат печки на пелети заклучно со 21 мај 2018 година, ќе добијат дел од трошоците за набавка во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство. Овој повик ќе се реализира по принципот “прв дојден, прв услужен“.

Градот Скопје го објави овој јавен повик за да се унапреди квалитетот на воздухот и да се намали загадувањето на воздухот, особено од партикуларните честички од затоплувањето на домовите што не се приклучени на централното греење.

Повикот беше објавен на 5 април 2018 година и е предвидено да трае 45 календарски дена, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Досега до Град Скопје се поднесени 163 барања за субвенции.