Град во Белгија е европска престолнина на иновации за оваа година

48

Белгискиот град Левен е избран за европска престолнина на иновации за оваа година.

Овој град, во којшто живеат 100.000 лица, ја доби наградата од милион евра заради секојдневна грижа за бројните предизвици што ги носат климатските промени, образованието, здравјето и културата со цел жителите да имаат подобар квалитет на живот.

Градските власти планираат до 2050 година овој град во Белгија да биде целосно “климатски неутрален“, односно загадувањето да го сведе на минимум. За да ја постигне таа цел, се реализираат голем број проекти.

Во трката за најиновативна европска престолнина беа и: Клуј Напока во Романија, Еспо во Финска, Хелсингборг во Шведска, Валенсија во Шпанија и Виена во Австрија. Секој од овие градови доби награда од 100.000 евра.

Фото: Pixabay