Град во САД забранува изградба на нови бензински станици

21

Властите во американскиот град Петалума сметаат дека имаат доволно места за точење гориво, па минатата недела советот на градот, што се наоѓа во Калифорнија, изгласа забрана за нови бензински станици, базирана на двегодишен мораториум што беше донесе на почетокот на 2019 година.

Целта е веќе да не се градат нови станици со цел да се спроведе климатскиот план што предвидува намалување на емисијата на штетни гасови до 2030 година.

Петалума, како што пишува Gizmodo, е град од 39 квадратни километри и има 16б бензински станици. Според градските власти, тоа е повеќе од доволно за 61.000 жители.

Фото: Pexels