Градат пловечки остров среде море и веќе се продаваат куќи по цена од 20.000 до 1,5 милиони долари

165
Blue Estate е остров изграден среде Карипското море којшто плови на водата.
Овој остров, создаден од човечки раце, има димензија од 1.500 на 1.000 метри, што е околу половина од површината на Монако.

За време на градењето се користени специјални бетонски модули. Резервациите за купување куќи на овој остров се во тек, а цените се движат од скромни 20.000 до 1,5 милијарди долари за она што е опишано како “мега резиденции“.

И покрај тоа што островот се наоѓа на средина на океанот, експертите кои учествуваа во изградбата велат дека ѕидовите високи 50 метри ќе го заштитат островот од најголемите бранови при невреме. Платформата плови слободно, но може да се закотви како брод. Ова дава можност да се избегнат невреме или да се оди подалеку на север за време на жешките и влажни летни месеци.

За разлика од класичните бродови, Blue Estate не мора да бара пристаниште за полнење гориво, бидејќи целата енергија ќе се генерира на палубата од 100% обновливи извори. Островот  треба да биде завршен до 2025 година.