Градежната оператива од Македонија во странство, во првите три месеци од оваа година, извршила градежни работи во вкупна вредност од 24.090.000 денари, што е за 51% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во тој период, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 178.318.000 денари, што е за 24,7% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Фото: Pixabay