Градежните компании потрошиле скоро 10 милијарди денари на градежни материјали и енергија

96

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.975.478.000 денари, што е за 3,6% повеќе во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија, најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.792.562.000 денари (38%).

Потоа следат групите Потрошено гориво со 1.244.325.000 денари (12,5%), Материјали за армирање и прицврстување со 1.238.551.000 денари (12,4%) итн.

Фото: Freepik