Граѓани и фирми на УЈП ѝ должат 10,5 милијарди денари

23

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави првата Листа на должници за оваа година, на којашто се најдоа 1.974 должници – правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2021 изнесува 10.562.899.875 денари, повеќе за 237.467.663 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.356.128.004 денари (повеќе за 82.035.038 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.771.871 денари (повеќе за 155.432.625 денари од претходната листа).

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2021 за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Freepik