Граѓани и фирми на УЈП ѝ должат 9,6 милијарди денари

31

На Листата на должници бр.04/2021 објавени се 1.746 должници – правни лица (помалку за 79 од претходната листа) и 2.773 физички лица (помалку за 18 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2021 изнесува 9.696.152.167 денари, помалку за 391.456.772 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.484.200.060 денари (помалку за 551.359.802 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 211.952.107 денари (повеќе за 159.903.030 денари од претходната листа).

Листата на должници бр.04/2021 е за долгови доспеани до 31.12.2020 и неплатени до 31.03.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  • повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  • повисок од 300.000 денари за правните лица.

Фото: Pexels