Граѓаните на ЕУ ги заменуваат автомобилите со велосипеди

12

velosipedi euСпоред последните податоци на Европското здружение на произведувачи на автомобили (ACEA), голем процент од граѓаните на Европската унија се одлучуваат да купат велосипед наместо автомобил. Во првите три месеци од годинава, во земјите на ЕУ се продадени 9,8% помалку автомобили во однос на истиот период минатата година. Пад на продажбата на автомобили беше забележан и лани, за 8,5%, а 2012 година воедно беше најлошата година уште од 1995. Според проценките на ACEA, продажбата на автомобили во земјите во ЕУ годинава би можела да забележи пад од 5% до 8%.

Од друга страна, граѓаните на ЕУ во последните неколку години поради економската криза и зголемените месечни трошоци се повеќе купуваат велосипеди, па нивната продажба од 18,9 милиони во 2000 е зголемена на 20 милиони велосипеди во 2011 година. Со други зборови, на секој продаден автомобил граѓаните купуваат скоро два велосипеди.